Категории

11 правила за туширање

Дознајте повеќе за правилата за туширање – верувајте дека ќе се исплати!!!

1. Туширањето е хигиенско

Туширањето е хигиенско и е со совршен начин за одржување на секојдневната хигиена. Ова значи дека не треба да се бањате секој ден и да користите сапун на секој дел од вашето тело.

2. Агресивни гелови и купки за туширање

Кога се туширате извадете ја прашината од телото со сапун, гел за туширање и слично што е можно побрзо. Поголем дел од нив се многу силни за вашата кожа и таа може да дехидрира. Затоа користете благи сапуни и гелови за туширање.

3. Утринско туширање

Утринското туширање е освежувачко, а истовремено ја подобрува циркулацијата, а тоа ќе ви даде енергија во текот на целиот ден.

4. Температурата на водата

Идеалната температура на водата за туширање е различна за секого, но треба да избегнувате туширање со премногу топла вода, бидејќи може да ја иритира кожата и да почне да ве чеша.

5. Чистење на кожата

Туширањето ги отстранува мастите од површината на кожата, што значи дека клетките на кожата во подолните слоеви побрзо ја губат влажноста.

6. Не претерувајте со сапунот

Кога се туширате, не треба да користите премногу сапун. Количина со големина на орев е доволно за да го измиете целото тело. Исто така може да користите домашно направени сапуни, а за таа цел прочитајте повеќе за тоа кои состојки треба да ги искористите.

7. Користете сапун само на одредени делови

Понекогаш е доволно да употребите сапун на пазувите, стапалата и интимните делови, а останатиот дел од телото да го исплакнете со чиста вода.

8. Целосно исплакнете

Секогаш целосно плакнете го сапунот или гелот за туширање од вашата кожа. Дури и мал остаток од сапун може остави црвени траги на телото, да предизвика чешање или иритации.

9. Целосно исушете се

Откако ќе се истуширате, целосно исушете се. Или истријте се или нежно избришете се.

10. Туширање без сапун или гел за туширање

Ако сакате да се истуширате само за да се освежите, тогаш верувајте дека не ви треба ниту сапун, ниту гел за туширање.

11. Туширање со ладна вода

Ако не можете да поднесете да го завршувате туширањето со ладна вода, тогаш правете го тоа само понекогаш. Секако, делот кога се туширате со топла вода треба да е два пати подолг од делот кога се туширате со ладна вода.

Туширање после спортски активности

После спортските активности – трчање, тенис, кошарка – не треба веднаш да се туширате.

Најпрво, почекајте неколку минути додека престанете да се потите и додека ви се смири срцето. Инаку постои можност да почнете да се потите штом излезете од тушот. Исто така избегнувајте да се истуширате со ладна вода, наместо тоа млаката ќе ве опушти и релаксира.

Прегледи:
624
Објавено на:
03.04.2016