Категории

Обожавателките паѓаа во несвест поради актерот!

Турскиот актер Бурак Озчивит на 6-ти април ќе пристигне во Србија, а единствен услов за доаѓање му бил цел ден хотел да се испразни само за него.

Картите за филмот биле пуштени во продажба вчера попладне и биле распродадени за 40 минути. Една девојка која стоела во редот се онесвестила од возбуда, па пријателите и вработените во Центарот за култура и помогнале да си дојде при себе.

Кога се освестила почнала да плаче бидејќи соопштиле дека повеќе нема карти, а во плачот и се приклучија и други обожавателки кои не стигнаа да купат карти.

Сексапилниот Бали-бег од серијата “Величенствениот” пристигнува во Србија поради премиерата на филмот “Мојот брат”, која ќе биде организирана во Центарот за култура во Нови Пазар на 6-ти април.

Добра вест за сите девојки е дека нема да ја доведе и понежната половина, колешката Фахрија Евџен, со која планира и да се ожени наскоро.

“Авионска карта не е купена за неа. Тие двајца во Турција ја кријат својата врска и проценија дека заедничкото доаѓање би било ризично. Не сакаат никој да ги вознемирува”, рекле извори од Нови Пазар.

Големата турска ѕвезда очекувано барала само луксуз, па организаторите велат дека обезбедиле празен хотел само за него.

Турскиот актер веќе неколку дена на својот профил на Инстаграм помпезно го најавува доаѓањето во Србија, а вчера објави фотографија од воз со хаштазите #serbia #NoviPazar, па дополнително ги збуни фановите кои мислеа дека веќе пристигнал.

Прегледи:
387
Објавено на:
04.04.2016