Светски познатиот бренд Free People кој е симбол на бохо стилот овој месец не почести со нова колекција парчиња инспирирани од пролетните фестивали кои се одржуваат на отворено.
Колекцијата како од соништата е снимена на локации во Санта Моника изобилува со тексас парчиња, реси, фустани од лелеави материјали, кожа, скај и многу детали и аксесоари.
Со согурност никој не би останал рамнодушен на овие парчиња кои ќе го побудат авантуристичкиот дух во вас да ги понесете со себе на некое патување.