Категории

Факти за брендот Gucci

Историјата на оваа иконска модна куќа датира од далечната 1921 година и се до денес таа е една од најпрестижните и најексклузивни брендови во модниот свет. Повеќе за овој италијански бренд прочитајте во продолжение, ви приложуваме факти кои сигурно повеќе од вас не сте ги знаеле.

maxresdefault

Тајната околу логото

Двете букви GG во логото на овој бренд всушност се иницијалите на самиот создавач на оваа модна куќа – Гучио Гучи. Гучио ја основал империјата во Фиренца, Италија во 1921. Како млад имигрант додека работел во елитни хотели во Лондон и Париз тој бил импресиониран од луксузниот багаж кој го носеле софистицираните гости, таму тој го добил вниманието од Мерлин Монро која подоцна била една од неговите нај редовни и ексклузивни клиентки.

d912f06d_GettyImages-110136946_masterOvda0R.xxxlarge

Инспирацијата околу дезенот

Гучи бил инспириран од коњи и јавачите на коњи, од таму дошла идеата и реализацијата околу дезенот и принтовите да изгледаат како потковици.

7ad59b421e1816f6_GettyImages-512499818ACFnWM.xxxlarge

Отворањето на првата Гучи продавница

Првата Гучи продавница беше отворена во 1953. Тоа беше првата италијанска луксузна продавница отворена воопшто, но за жал истата таа година се случи и смртта на Гучио, а бизнисот го превзедоа неговите четири синови. Денес брендот поседува повеќе од 550 продавници. На оваа слика е прикажана легендарната Грејс Кели како напушта еден од нивните бутици во Рим во 1959.

f4a2e4e6_GettyImages-496501694_masterDodDZc.xxxlarge

Создавањето на мокасините 

Класичните добро познати мокасини овој бренд ги создаде во 1932 година. Оригиналниот модел денес е изложен во Музејот на Модерна Уметност во Њујорк.

07c1d8341c37df4a_GettyImages-514037008IG9vhh.xxxlarge

Појавувањето на платното

Поради недостигот на материјали, Гучи ја замени кожата со платно за време на Втората светска војна. Од тука датираше појавувањето на црвено-зелените траки.

aa89ce72f5bd0c41_9k_gdbBf3.xxxlarge

85cc9ec9774db192_GettyImages-513606128K6J9AY.xxxlarge

Соработки со автомобилски компании

АMC Horneb од 1972 и 1973 година компактна со „Sportabout“ караванот,стана еден од првите американски автомобили кој има понудено специјална луксузна опременост. Спортските автомобили на Гучи се со зелени и црвени ленти на седиштата од биволска кожа, панели на вратите,како и амблеми на дизајнерот и надворешна селекција на бои. Американската корпорација Моторс исто така му понуди и на Пјер Карден издание на свој автомобил.

e1e15e893667eb2f_GettyImages-133061979oFASy1.xxxlarge

Том Форд

Познатиот дизајнер беше артистичен директор од 1994 се до 2005 година. Тој му донесе огромен успех на модната куќа.

6929e0ed2eb0dd01_GettyImages-2555908yQJvB8.xxxlarge

Гинисов рекорд

Во 1998 година,фармерките „Genius“ од Гучи беа наведени во Гинисовата книга на рекорди како најскап пар фармерки кои постојат. Овие фармерки беа оскудни,искинати и покриени со африкански монисти и беа понудени за продажба во Милано со цена од 3134 долари. Овој рекорд беше надминат во 2005 година од страна на 115-годишните стари фармерки 501 од Леви Штраус & СО кои беа продадени на анонимен јапонски колекционер за 60.000 долари.

260385e5_Gucci_PreFall16_Look_54nN87Hy.xxxlarge

Гучи е рангиран на 38 место на нај вреден бренд.

042605eaa4249c7e_GettyImages-514031776qKhmYU.xxxlarge

Фустанот на Дакота Џонсон

Фустанот кој Дакота го носеше за време на нејзиното гостување во шоуто на Џими Фелон беше нај озборуваниот фустан кој стана вирален хит изминатиот период.

1f5220d46d8c100e_Dakota-Spring-16-Gucci-Dress-Matched-Jimmy-BriEQRFCd.xxxlarge

Соработка со УНИЦЕФ

Брендот донира значаен процент од својата заработка на Уницеф за помош во одделот на образованието, заштита на здравјето и чиста вода за децата заболени од Хив во Африка. Оваа кампања на брендот ја промовираше Ријана лансирајќи специјална колекција.

049c068abb7ff8a2_Picture_6_0hgZLJu.xxxlarge (1)

Музеј во Италија

Гучи поседува сопствен музеј лоциран во Palazzo della Mercanzia во Италија, одбележувајќи ја својата 90 годишна историја.

3bd20df098ba0658_GettyImages-126589938FsVy7v.xxxlarge (1)

Прегледи:
679
Објавено на:
05.04.2016