Моделот Џиџи Хадид и славниот пеач Зеин се новиот славен и дефинитивно најстилски пар во моментот во светот на џет сетот. Откако парот ја објави својата врска тие се во центарот на вниманието и медиумите каде и да се појават. Нивното прво заедничко појавување беше во спотот на Зеин за неговата прва соло песна „Pillowtalk“. Неодамна тие направија и фотосесија позади објективот на познатиот Марио Тестино за списанието Vogue во кое позираат како пар кој е на меден месец на различни локации во Италија.
Џиџи носи елегантни и женствени креации на Викториа Бегам, Миу Миу, и Марк Јакобс.