Норвежанецот Гунар Гарфорс дефинитивно спаѓа во групата исклучителни луѓе. Тој има 37 години и веќе ги посетил сите 198 држави во светот. Патувањето почнало како облог, а Гунар, не ни дал отказ од работа, туку работел од секаде каде што можел, бидејќи го носел својот лаптоп со себе.
На прашањето која земја му е омилена, вели дека е тешко да се избере само една. Но, сепак, направил листа од 12 земји кои секој мора да ги посети.
Романија
„Трансилванија, најпозната по дворците, планините и Дракула, дефинитивно ќе ве освои. Романија ќе ја помнам и по пивото и незаборавниот ноќен живот во Букурешт“.
Мадагаскар
„Неспорно е дека Французите биле тука, а на брегот се шетаат лемури и има баобаб дрва“.
Исланд
„Исланд е голем остров сред Атлантикот. Ветровите и брановите тука се веќе милиони години! Земете си опрема за пливање и уживајте во топлите природни извори со минерална вода додека паѓа снег“.
Виетнам
„Во оваа земја ќе го сфатите вистинското значење на љубезноста. Не дозволувајте сообраќајот да ви го уништи престојот. Седнете, нарачајте пијалак, опуштете се и гледајте“.
Киргистан
„Неверојатна природа, шарени пазари и многу пријателски расположени луѓе. Носете си голема чаша за вотка од светска класа“.
1 2