Категории

20 неверојатни научни факти за човечкото тело кои сигурно не сте ги знаеле досега

Сите ние веруваме дека совршено ги знаеме нашите тела. Ние мислиме дека знаеме како тие работат и какви промени и процеси се случуваат во нив, секоја секунда од денот. Но, реалноста е дека човечкото тело е сериозно комплексен и мистериозен механизам кој понекогаш ги збунува дури и најквалификуваните специјалисти – докторите и научниците. Погледнете ги следниве 20 неверојатно интересни и фасцинантни факти за човечкото тело кои без сомнение ќе ве импресионираат.

1. Бројот на бактерии во човечката уста е ист како и бројот на луѓе кои во моментов живеат на Земјата, а понекогаш е дури и поголем.

2. Едно влакно од косата може да држи јаболко кое виси. Но, научниците не кажуваат колкава треба да биде димензијата на јаболкото.

3. Отпечатокот од јазикот е апсолутно уникатен – запомнете го ова кога ќе го покажувате некому!

4. Сите ние создаваме околу 600 милилитри плунка дневно.

5. Брзината на мозочниот импулс во движење е околу 400 км/ч.

6. Не постојат само 4 различни крвни групи, како што сите ние мислиме, туку 29! Најретката од нив припаѓа на бомбајски подвид, којa е честa кај мала група семејства во Јапонија.

7. Во текот на само 1 ден, нашата крв „претрчува“ 19.312 километри.

8. Целосната должина на нервите во човечкото тело изнесува 75 километри.

9. Човекот во просек вдишува околу 20.000 пати дневно.

10. Човечкото око може да разликува и до 10 милиони различни бои. Но, нашиот мозок не може да ги запомни сите.

11. Нашите уши продолжуваат да растат во текот на целиот живот со неверојатна брзина – четвртина милиметар на година!

12. Срцето отчукува 35 милиони пати за време на 1 година. Да, 35 милиони! Годишно!

13. Секој ден човечкото тело губи околу 1 милион клетки од кожата, количина која достигнува и до 2 килограми на годишно ниво.

14. 1 квадратен сантиметар од вашата кожа содржи околу 1.000 сензори за болка.

15. Мажите имаат помалку рецептори за вкус на површината од нивниот јазик за разлика од жените.

16. Просечниот човек консумира околу 35 тони храна во текот на неговиот живот.

17. Човекот поминува околу 5 години од својот живот во трепкање. За среќа, можеме да правиме многу други работи истовремено!

18. Секоја секунда во нашиот мозок се случуваат околу 100.000 хемиски реакции.

19. Брзината на вашето кивање е 160 км/ч.

20. Смеењето поттикнува 17 мускули на лицето, додека пак плачењето активира 43. Токму затоа, смејте се повеќе!

Прегледи:
358
Ознаки:
· ·
Објавено на:
14.04.2016