Категории

Никако не го правете ова пред секс – ќе си го загрозите здравјето!

-Ова е совет кој сигурно неколку пати сте го слушнале, а веројатно е погрешен, па дури може да биде штетен.
Во текот на растењето слушаме голем број работи за тоа што треба, а што не треба, што да се прави пред, во текот и после сексот. За среќа, поголемиот број совети навистина се корисни, но постојат и такви кои ни даваат погрешни информации.

Повеќето жени слушнале дека треба да ја испразнат својата бешика пред односот за да го намалат ризикот од развивање на инфекции на уринарниот тракт.

Меѓутоа, судејќи според советите на уролозите, ова е всушност спротивно од она што би требало да го правите.

Давид Кауфман, уролог, изјави дека уринирањето пред сексот е една од најголемите заблуди кои треба да им се објаснува на женските пациенти.

Одењето во тоалет пред секс е под големо „НЕ“, но уринирањето после сексот е многу важно.
Во текот на сексот, бактериите од вагината може да преминат во уретрата. Уринирањето може да ја исели бактеријата, но доколку немате потреба да одите во тоалет веднаш после сексот, можно е бактеријата да се наоѓа веќе на пат кон бешиката и да се развива во инфекција.

Прегледи:
323
Ознаки:
·
Објавено на:
16.04.2016