Американката Меган Саливен за кусо време доживеала серија несреќни случки, но тоа не ја обесхрабило, туку напротив, ја поттикнало да го промени животот и да го оствари својот сон.
Имено, за период од само еден месец Меган паднала од 15 метри височина додека планинарела во Јосемити паркот, ја удрил автомобил и на крајот и бил дијагностициран рак на кожата.
Но, тоа не ја обесхрабрило, па по заздравувањето од повредите и извршената операција на ракот, таа решила да го промени својот живот и тргнала на пат околу светот.
– Решив да го остварам својот сон и за само 13 дена да посетам седум светски чуда. Решив да го променам погледот на животот и да живеам во сегашниот момент, изјави Меган за „Мешабл“.
По ова, таа заминала на пат и за 13 дена ги посетила Чичен Ица, Мачу Пикчу, кипот на Исус Христос во Рио, Арената во Рим, Петра, Таџ Махал и Кинескиот ѕид.
Фотографиите од своите авантури таа ги објави на Инстаграм, со надеж дека нејзиното искуство ќе поттикне и други луѓе да го променат својот живот.