Категории

Кученцето имало само 8 килограми, но погледнете како изгледа денес!

Кога пристигнала кај Едуардо Родригез, Барила била само “вреќа коски”. Изгладнетото куче не можело ни да стои на слабите нозе.

Која пристигнала кај ветеринарите во засолништето во шпанската Гранада, докторите не очекувале дека ќе преживее. Имала само осум килограми, а органите и биле пред откажување.

Сепак, наспроти тешката состојба, таа весело мавтала со опашката опкружена со луѓе кои и помагале да заздрави. Иако се подготвиле за најлошото, Барила, кое го добила името по шпагетите поради својата слабост, ги изненадила сите.

На почетокот била толку слаба што јадела и пиела од креветот, бидејќи не можела да стои, а ветеринарите и направиле специјална носилка за полесно да ја развие мускулната маса и да почне да се движи.

Само седум недели откако ја нашле на работ на смртта, Барила потполно заздравела. Во тој краток период таа изела повеќе храна отколку во целиот свој претходен живот. Сопственикот на засолништето, Родригез ја вдомил откако се заљубил во неа на прв поглед.

Тој вели дека Барила сега има 23 килограми и дека е на добар пат кон целосно заздравување. Родригез вели дека со Барила почувствувал инстантна поврзаност и дека ќе остане со него засекогаш.

1 2

Прегледи:
624
Објавено на:
18.04.2016