Категории

Шест отрови кои секојдневно ги внесуваме во телото без да знаеме

Бисфенол А – тоа е главна состојка на пластичните шишиња, а се користи и за обложување на внатрешноста на лименките. Го поттикнува предвременото влегување во пубертет и може да предизвика проблеми со плодноста и оштетување на срцето. Избегнувајте конзервирана храна. Ако користите пластични шишиња, задолжително бирајте ги оние со ознаката BPA free

Фталати – Се наоѓаат во пластичните кеси, во козметиката и некои гелови. Ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото, а посебно го нарушуваат лачењето тестостерон. Избегнувајте производи со вештачки мириси и трудете се храната да ја ставате во стаклени и керамички садови наместо пластични.

Перхлорати – Перхлорати најмногу има во јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот.Влијаат на работата на штитната жлезда и го отежнува користењето на јодот. Фокусирајте се да го збогатите менито со храна богата со јод како на пример морски плодови.

Олово– Најголемиот загадувач кој може да се пронајде дури и во водата.

Може да предизвика зголемување на хормонот за стрес, кортизол, како и да се наталожи во пределот на нозете и да предизвика проблеми со моториката и циркулацијата.Обидете се да јадете органска храна и да пиете филтрирана вода.

Жива – Живата е нуспроизвод на тешката индустрија која може да се најде во голем број од рибите и морските плодови.Ги оштетува клетките на панкреасот кој го регулира нивото на шеќер во крвта. Не ги избегнувајте рибите и морските плодови, но бирајте помали риби затоа што колку е рибата помала, толку се намалува и можноста за апсорбирање на овој метал.

Перфлуорирани хемикалии – Се наоѓаат во картоните за пица или пакетчињата за пуканки направени во микробранова. И овие хемикалии влијаат на работата на штитната жлезда, а со самото тоа и на сите хормони во телото. Неколку истражувања откриле дека можат негативно да влијаат и на плодноста кај двата пола.

Прегледи:
351
Ознаки:
· ·
Објавено на:
18.04.2016