Не е важно дали станува збор за твојот дечко, девојка, пријателка… животот или дружењето со нарцисоидни личности понекогаш знае да биде страшно тежок, бидејќи се се врти околу нив.
Ветува, ветува…
Ако личноста постојано дава празни ветувања – планира каде да одите или што да правите, но тоа никогаш не го исполнува, станува збор за нарцис. Нарцисоидните луѓе се склони кон давање ветувања кои не можат (или не сакаат) да ги исполнат, а најдобро од се е што тие понекогаш дури и веруваат во ветувањата кои ги даваат.
“Позајмува” туѓи идеи
Ако слушнете нешто што и се допаѓа и што ќе допринесе за нејзиниот имиџ, нарцисоидната личност нема да се колеба за да ја присвои туѓата идеја и да ја претстави како своја. Додека ја фалат дека тоа е одлична идеја, без грижа на совест ќе се смешка иако ја украла идејата.
Не поднесува вистина
Вистината не секогаш убава, а нарцисите тоа не можат да го поднесат. Нарцисоидните личности се склони кон преувеличување (бидејќи тоа придонесува за нивниот имиџ), а притоа најчесто во тоа се прилично убедливи. Ако сепак ги фатиш во лага, очекувај дека нарцисите ќе реагираат агресивно. Слично како и кај празните ветувања во кои веруваат, нарцисоидните личности се склони и кон тоа да почнат да веруваат во сопствените лаги.
Не ги интересира како си
Всушност, не ги интересира ништо друго освен себе си. Нарцисот најмногу се сака себе си, другите не го интересираат, и тоа не поради тоа што сака некого да повреди, туку затоа што едноставно не е заинтересиран за луѓето околу себе.