Многу често атрактивниот стил лежи во вистинскиот избор на облека. Тоа не значи дека треба да одберете нешто многу скапо или нешто премногу разголено.
Во прилог ви нудиме мал водич за тоа кои парчиња облека и аксесоари ќе го подигнат вашиот стил на облекување на повисоко ниво.
# Високи штикли
Очекувано нели? Но факт е дека што и да одберете кога ќе облечете пар високи штикли целосниот изглед ќе делува поатрактивно.
Освен што ги издолжуваат нозете, штиклите ве “принудуваат“ да стоите правилно, а доброто држење е клучно за атрактивен изглед.
# Мал црн фустан
Овој фустан не треба да ве чини мало богатство за да изгледа скапо. Тој веќе со децении е “must have“ парче за секоја дама. Добро скроен мал црн фустан дефинитивно ќе го даде саканиот резултат.
# Голи рамена
Има нешто неодоливо секси во голите рамена кај секоја жена. Овој дел на телото е олицетворение на женственост и сексапил, бидејќи кога ќе се одлучите за блуза или фустан кој ги открива рамената делувате атрактивно и заводливо.
# Нешто црвено
Црвената е боја на страста. Само едно парче во јарко црена боја ќе ги привлече погледите кон вас.
# Тесен фустан
Јасно е дека ако ја нагласите линијата на телото ќе изгледате атрактивно. Фустанот не мора да биде краток, идеална должина за тесен фустан е онаа под колената. Облините се нагласени, а вие сте секси без тронка вулгарност.
# Гол грб
Исто како и голите рамена овој изглед ќе ви даде инстант доза на атрактивност. Линијата на рбетот уште не прв поглед делува секси и привлечно.
# Очила за сонце
Добрите очила за сонце и те како ќе го подобрат вашиот стил. Освен што ги штитат вашите очи од сонцето тие се моден детаљ по кој се препознавате. Темните стакла од кои едвај се гледаат очите ќе ви дадат доза на мистичност.