Категории

Плати 90.000 долари да го бакне Рики Мартин (видео)

Ана Паола Диниз платила 90.000 долари за бакнеж со славниот латино-заводник, Рики Мартин. Ана понудила најмногу пари за бакнежот на Рики на аукцијaта организирана на хуманитарната гала вечера во Сао Паоло.

Парите се наменети за хуманитарни цели, за помош на заболените од сида, а Рики прилично се соживеал во тој бакнеж.

Ана инаку е одгледувач на кучиња и сопственик на одморалиште за миленици. Пејачот се потрудил тие пари да и се исплатат на Ана, иако е познато дека тој е хомосексуалец, а во моментот е во врска со сирискиот уметник Иван Јосеф.

https://www.youtube.com/watch?v=MgJ4N4hjUws

 

Прегледи:
407
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
20.04.2016