Категории

ОВАА ФОТОГРАФИЈА ЕДНОСТАВНО МОРА ДА ЈА ВИДИТЕ: ЗА НЕА ЗБОРУВА ЦЕЛИОТ СВЕТ…

Новиот портрет на британското кралско семејство е веќе тука!

Во чест на утрешниот 90-ти роденден на кралицата Елизабета Втора, славеничката, принцот Чарлс, војводата од Кембриџ и принцот Џорџ Александар Луис се појавија на нова семејна фотографија.

Оваа историска фотографија, снимена во Бакингемската палата, прикажува четири генерации на британската монархија и се наоѓа на поштенска марка. И тоа е првата поштенска марка на принцот Џорџ.

Шармантен како и секогаш, принцот Џорџ на оваа фотографија дефинитивно ги засенува сите. Па дури и кралицата. Малиот принц стои на постолје и го држи својот татко за рака. Момчето, чиешто раѓање пред три години го проследи целиот свет, едноставно плени со својата насмевка.

А каков бил принцот Џорџ на снимањето, открива фотографот на кралското семејство Роналд Мекини, автор на овој прекрасен портрет.

– Радоста и енергијата којашто Џорџ ја донесе на снимањето беа фасцинантни. Тоа ја подигна целата атмосфера на снимањето и го разубаве целото попладне. Тој беше фасциниран од светлата. Сè направи како што треба, изјавил фотографот.

Роналд за Џорџ изјавил дека е вистинско злато. И дека бил толку возбуден како во секој час да сакал да им каже на сите – Јас сум кралот!

Како што додава, целото кралско семејство било многу опуштено на снимањето, и сите биле одлично расположени. Фотографот Мекини бил помалку нервозен, бидејќи ова за него било голем предизвик. Снимањето траело 25 минути, а тоа што фотографијата изгледа речиси совршено – не е никаква случајност. Секој нејзин детаљ е внимателно избран, а внимателно се бирала и локацијата за снимањето. Роналд инсистирал фотографијата да се направи во Белиот салон во палатата.

Инаку, во чест на кралскиот роденден ќе бидат објавени вкупно шест поштенски марки. Една на којашто Елизабета Втора е со своите наследници, една на којашто е заедно со сопругот, заедничка марка од неа и нејзиниот сопруг и три марки коишто ја отсликуваат нејзината кралска улога.

Интересно е дека Елизабета пред две децении одби во чест на нејзиниот 70-ти роденден да се печатат поштенски марки со нејзиниот лик, а сето тоа како не би се подигала прашина, без причина. Сепак, прославата на 90-от роденден е сосема доволна причина за подигање на прашина.

Светската јавност со големо внимание ја проследи кралската фотографија. Со нетрпение се очекува и новата фотографија од принцезата Шарлот, којашто е четврта во редот за британскиот престол.

Прегледи:
437
Објавено на:
20.04.2016