Категории

ЗОДИЈАКОТ И ЉУБОВТА: КАКОВ Е СЕКОЈ ЗНАК КОГА Е ЗАЉУБЕН?

Љубовта прави да се чувствуваме лудо и да се однесуваме така што луѓето околу нас не можат да не препознаат. Проверете што велат астролозите за тоа кој знак како го поднесува овој наплив од хормони.

За Овенот љубовта е како шумски пожар. Тој е храбар авантурист, па не му е проблем ако не го познава многу предметот на својата љубов, ако ви фрлил око, брзо ќе знаете, зашто ќе го направи првиот потег.

За Бикот, љубовта е тест. Тој е себичен со љубовта, не ја дава лесно, таа мора да се заработи. Тој има силни чувства, но тие се длабоко закопани.

За Близнаците, љубовта е бескрајна мистерија. Иако тие се друштвени, кога за заљубени, збунети се и не знаат што да очекуваат. Уживаат во изненадувањето и возбудата, но љубовта ги вади од рамнотежа. Барем никогаш не им е досадно.

За Ракот љубовта е утеха. Тој има длабоки чувства кон домот, и многу му значат пријателите и семејството. Него го водат чувствата во речиси се, па кога ќе најде љубов, ужива во нејзината топлина.

За Лавот, љубовта надвладува се. Секој Лав сака сите очи да бидат вперени кон него, но кога е заљубен, тој станува опседнат од лицето кое го сака. Тој цело време мисли на саканата личност, дури и кога таа е до него.

1 2

Прегледи:
743
Ознаки:
Објавено на:
21.04.2016