Ексклузивниот модел на легендарната Hermes ташна продаден е за неверојатни 298,000 долари.
Сајтот кој се занимава со продавање на неносени Биркин ташни ја продаде по досега највисока цена која овој бренд ја достигнал. Оваа ташна е произведена во 2008 година, изработена е од крокодилска кожа и копчиња од злато обложени со 10 каратни дијаманти.