Категории

Како да ја спасите врската по неверство на вашиот партнер

Не велиме дека е лесно и дека треба да му простите. Она што треба да го направите е да седнете и добро да размислите дали е доволно вреден да му дадете уште една шанса.

Ако се одлучите дека сакате да пробате уште еднаш, следете ги следниве чекори…

# Направете пауза…поголемиот дел од времето ќе ве “прогонуваат“ слики од неговото неверство, а ако земете пауза од врската и се што е поврзано со неа, ќе успеете детално да размислите за се.

# Согледајте ја моменталната ситуација…окупирајте ги своите мисли со прашања, кои би можеле да ви помогнат да ја донесете вистинската одлука.
Дали вашата врска е вредна за спасување? Дали тој искрено се покајал за тоа што го направил? Ако одговорите се “да“, тогаш вреди да се обидете.

# Донесете одлука…важно е само да бидете 100% сигурна во одлуката пред да го известите што сакате понатаму. На почетокот ќе биде тешко и ќе се сомневате, но времето може да ги излечи раните.

# Разговарајте со него…запишете ги сите прашања кои сакате да му ги поставите и детално зборувајте за целата ситуација. Обидете се да ги сфатите неговите причини за тоа што го направил, но немојте да му префрлате. Сослушајте го и ако можете да разговарате ок е, ако не значи дека не сте подготвена за тоа.

# Работете заедно на решавање на проблемите…морате да се потрудите и двајцата инаку нема да успеете. Ако парот може да прејде преку изневерувањето и да го врати односот тогаш од тоа ќе излезе посилен од било кога.

# Имајте на ум дека тоа е долготраен процес…запомнете дека ова нема да биде лесно но можете да излезете како победници ако сте трпеливи еден кон друг. Љубовта е избор, а вие одбравте да се борите за својата.

Прегледи:
558
Објавено на:
22.04.2016