Принтовите се секогаш клучот како да се претвори едноставната комбинација во нешто специјално.
За вас издвоивме мини палета која секоја тренди девојка треба да ја поседува во својот гардероб, било тоа да се аксесоари како ташни, колани, шапки, марами или парчиња како фустани и маици..
1.Леопард
Принтот кој е тренд со децении, и изгледа како нешто кое одговара и се вклопува во се.
2.Туфни
Полка дотс како што е популарен назив на овој тренд ќе ви дадат пин ап елемнт во вашиот стил и секогаш изгледаат елегантно и женствено.
3.Змиска кожа
Принтот кој е доста екстравагантен и исто така дава нота на истенчен вкус.. Пар сандали секогаш ќе бидат вистински избор.
4.Пруги
Има причина поради која овој принт е безвременски тренд. Изгледа толку софистицирано и „чисто“. И да, одговара со се.
5.Флорал принт
Цветниот принт е пролетно летен тренд, но секако можете да го усогласите како топло палто за студените есенски денови.
6.Пепито
Овој принт е совршен за во канцеларија или во пригоди кога треба да изгледате професионално.
Елегантен и секогаш софистициран.
7. Кариран
Ретро принтот кој е едноставно неодолив, и секогаш е тренд на модните писти.. Со било какво карирано парче во вашата гардероба не можите никогаш да погрешите.
8. Екцентрични детали
Прици, срца, ѕвезди.. Со ваквиот принт секогаш ќе се издвојувате од толпата.. И тој секогаш изгледа забавно, а верувале или не дури и Принцезата Кејт Мидлтон е фан на овој принт.
9.Тропски
Едноставно не можете да не го обожавате, принтот кој потсетува на убавите летни денови.. Подгответе се за одмор.
10. Рамки
Овој принт секогаш изгледа остро и чисто, никогаш нема да погрешите кога сте во потрага по едноставна комбинација.
11.Геометрички
Што е по модерно од парчиња во разни геометрички фигури со додаток на силен колорит? Секако дека ништо. :)