Откако пристигна во Белата Куќа, првата дама Мишел Обама е позната по своите прекрасни тоалети.
Ги издвоивме оние кои најповеќе воодушевија и ќе ни останат во сеќавање уште долго.
Нејзините формални тоалети се екстравагантни и невообичаени а тоа ни докажува дека таа не се плаши да експериментира. Мајкл Корс, Џејсон ВУ, Тадаши Шоџи се наоѓаат на листата на највпечатливи дизајни.
Таа никогаш не „игра на сигурно“ кога се во прашање свечените приеми и вечери во Белата куќа, па често ја гледаме во доста смели принтови и бои, но едно е сигурно таа умее да ги носи со елеганција, префинетост и самодоверба.