„Те сакам“ се зборовите кои секоја девојка со нетрпение очекува да ги чуе од своето момче. Но, тоа се и зборовите кои на момците најтешко им е да ги кажат. Постојат повеќе причини зошто ним им е толку тешко да ги изговорат овие фамозни зборови. Може да станува збор за страв од одбивање, недоволно разбирање за важноста на оваа фраза или едноставно не се чувствуваат пријатно гласно да ги искажуваат своите емоции. За среќа, лесно можете да препознаете дали момчето ве сака, со тоа што ќе обрнете внимание дали ги прави следниве 8 работи…
1. Ве бакнува страсно
Долгите, интимни и страсни бакнежи покажуваат дека на вашето момче му значите и навистина сака да биде со вас. Во него почнуваат да се раѓаат подлабоки чувства за вас. Овие бакнежи се прекрасни и се чини како да треба да траат вечно.
2. Неговите пријатели ве прифаќаат во друштво
Можеби на неговите пријатели ќе им треба малку време за да свикнат на вас, но во моментот кога тие целосно ќе ве прифатат во друштвото ќе знаете дека вашето момче се вљубува во вас. Неговите пријатели можат да ја забележат промената што ја внесувате во неговиот живот и однесување и колку е среќен кога е со вас. Неговите реакции им ја покажуваат причината за сето ова и тие со задоволство ќе ја поддржат вашата врска.
3. Сака да бидете интимни
Кога мажите се вљубени, тие сакаат да бидат блиску до саканата личност. Тој ќе сака да навлезе во вашиот личен простор со тоа што цело време ќе наоѓа изговор да ве допре на нежен, љубовен начин. Колку повеќе ви се доближува, толку повеќе е вљубен во вас.
4. Ве слуша
Слушањето е многу помоќна алатка од зборувањето. Кога вашето момче ве слуша внимателно, можете да бидете сигурни дека е заљубен. Возможно е дури и да слуша повеќе одошто зборува за да може да дознае повеќе работи за вас. Комуникацијата е од витално значење за една врска, и момците треба да знаат дека ако сакаат да освојат некоја девојка, треба внимателно да ја слушаат.
1 2