Во недела во 19 часот и 10 минути на телевизија Телма ќе започне да се емитува нова хумористична емисија со наслов „Фчерашни новости“.
Оваа сатирична емисија е нов проект на Бранко Огњановски или попознат како Миле Паника од К-15.
Секоја недела ќе се емитува хумористичната емисија во траење од 30 минути, каде ќе се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот.
„Фчерашни новости“ премиерно ќе се прикажува секоја недела на телевизија Телма, а ќе се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот Јутјуб канал на емисијата.
„Сакаме да пополниме една дупка што во последно време ја констатираме не само ние, туку и пошироката публика. На телевизиите недостига хумор, а особено сатира. Домашната продукција е многу слабо застапена. Изборот се турски серии и вести. Ние ќе понудиме нешто ново. Мислам дека емисијата ќе биде прифатена и од старо и од младо… што би рекле политичарите, ќе ја гледаат сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност“, вели Огњановски.