Категории

Да му помогнеме на ДАРКО БОЖИНОСКИ НА ПАТОТ ДО СИЛИКОНСКАТА ДОЛИНА

Дарко Божиноски e единствен преставник од Македонија помеѓу 102-та полуфиналисти на GIST Start Up Boot Camp, каде аплицираше со идејата Аgriculture Drones MK.

На натпреварот „Technology idea 2015“ биле испратени околу 1.000 проекти, од  кои 102 се одбран ида продолжат во полуфиналето од страна на комисија од експерти. За влез во финалната фаза повеќе не одредува комисијата, туку јавностa.

Ако влезе во финалето на Global Entrepreneur Summit, што во јуни ќе се одржи во  САД, ќе може идејата да ја презентира пред потенцијални инвеститори. Дарко е студент на докторски студии и учесник е наинтернационални ИТ натпревари и добитник на повеќе награди.

Имено, гласањето на публиката за проектите трае до 1 мај, а бројот на овие гласови заедно со претходните поени од комисијата ќе одлучат кои проекти ќе влезат во финалето. Во последната фаза,  проектите ќе бидат презентиран и наглобален самит за претприемништво кој ќе се одржи во Силиконската долина во јуни годинава.

За да гласате за проектот на Дарко треба да одите на следниот линк: http://www.gistnetwork.org/tech-i-semi-finalists-voting, да се регистрирате со вашата електронска адреса и да гласате. Може да гласате повеќе пати за проектот на Дарко – еднаш на секои 24 часа се до 1 мај.Упатство за гласање може да најдете тука:

http://www.slideshare.net/DarkoBozhinoski/how-to-vote-gist-competition-ges2016

Проектот на Дарко е решение кое се состои од земјоделски дронови кои би им помогнале на земјоделците во работата со наводнувањето и справувањето со болестите со насадите. Целта е со користење на концептот наречен “precision agriculture”, којшто преставува нов земјоделски пристап, да се креираат детални мапи кои ги прикажуваат критичните области во насадите каде е потребно да се обрне дополнително внимание. Тоа ќе овозможи навремен и поефикасен преглед на насадите со што ќе се овозможи зголемување на профитот кај земјоделците. Повеќе информации за проектот можете да најдете на следново видео:

Тимот од Италија со кои работи заедно на неговата докторска дисертација, имаат добиено грант со којшто работат на софтвер FLYAQ  (http://www.flyaq.it/),  кој ќе овозможи луѓе кои не се експерти во работата со дронови да извршуваат најразлични задачи. Неговиот концепт е базиран на нивната open-source плафторма за планирање на мисии на дронови. Со нивната платформа на графички начин се креира задачата што би сакале дронот да ја изврши, од која што потоа автоматски се генерира детален план за летот на дронот. По стартувањето,  дронот го следи генерираниот план за лет.

Да му помогнеме на Дарко да стане еден од 30-те финалисти! Гласајте за идејата на Дарко секој ден до 1 мај на следниот линк: http://www.gistnetwork.org/content/tech-i-semi-finalists-voting

 

Прегледи:
508
Објавено на:
24.04.2016