Со комичен осврт на нашето секојдневие преку сатирични прилози, Миле Паника како спортски коментатор, најдобрата временска прогноза за вчерашниот ден и специјално јавување од Афстралија на Тошо Малерот химселф, започна првата епизода на „Фчерашни новости“.
Се работи за новата телевизиска емисија на Бранко Огњановски, кој собра млада и креативна екипа, подготвена да го каже сето она што повеќето го мислиме. Овие пародични вести уште по првата епизода беа одлично прифатени од публиката, која очигледно беше желна за повеќе хумор, сатира и смеа во морето на турски серии и српски шоуа.
Целата епизода од денеска може да ја погледнете на официјалниот канал на „Јутјуб“ на „Фчерашни вести“, а за повеќе фотографии и видеа од она што се случува за време на снимањата упатете се кон официјалните страници на „Фејсбук“ и на „Инстаграм“ од емисијата.