Категории

Што би се случило ако сите луѓе на Планетата во исто време скокнат?

Бизнис Инсајдер се обиде да даде одговор на интересно пашање. Што би се случило ако сите луѓе на Планетата во исто време скокнат?

За да покренат реакција, сите жители на Планетата би морале да застанат еден покрај друг и во исто време да скокнат. Се претпоставува дека тој скок би ослободил големо количество на енергија, со тоа што најголемиот дел од енергијата би отишла во земјата или воздухот.

Тогаш би настанала заглушувачка бучава, како непрекинат аплауз, а паралелно со тоа би се почуствувал потресот. Вибрацијата би предизвикала земјотрессо магнитуда од четири до осум степени по Рихтеровата скала. Јачината на земјотресот би зависела од количеството енергија која би ја впила земјата во однос на нашите обувки.

Магнитудата од четири степени по Рихтеровата скала не би предизвикала голема штета, додека потресот од осум стпеени би предизвикал уривање на згради. Електричната мрежа би била уништена, железничките пруги би се распаднале, мостовите би се урнале, а би можело да настане и цунами со бранови до 30 метри.

И покрај сето тоа, Планетата Земја би продолжила да се врти по својата орбита, како ништо да не се случило. Видео симулацијата може да се види овде .

Прегледи:
551
Објавено на:
26.04.2016