Категории

Почна страдалната недела пред Велигден – Еве што треба да правите од СРЕДА до САБОТА!

Пред нас е Велигден, а неделата пред овој голем христијански празник позната е и како страдална недела во која строго се празнува и се пости.

По црковните преданија, називот голема недела го добила поради тоа што оваа недела Исус Христос правел големи дела.

Исус ја уништил смртта, ги победил гревовите и тргнал проклетството од човечкиот род, откако му е отворен патот кон ракот. Називот „страсна“, оваа недела го добила бидејќи овие денови се засилуваат молитвите, бдеењата како и постот.

СРЕДА

Овој е последен работен ден во неделата. И на овој ден било забрането жените да шијат, баш како и во цветната недела.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

Овој  ден е целосно посветен на земјоделството. Сите работи се забранети освен за сеење на лубеници. Се верувало дека ако на овој ден се посеат лубеници ќе бидат напреднати и сочни.

На овој ден жените оделе на река и таму палеле свеќи кои ги прицврстувале на мали штици и ги пуштале низ водата. Овој ритуал е посветен на покојните. Исто така на овој ден домаќинките вапцаат велигденски јајца.

ВЕЛИКИ ПЕТОК

На овој ден се случило големото страдање на Исус Христос. Ова страдање се нарекува уште и искушение бидејќи Исус со тоа ги искупи човечките гревови.

Велики петок се нарекува и „ петок на страдањето“, а на овој ден се подразбира најстрог пост.

ВЕЛИКА САБОТА

И на овој ден може да се вапцаат јајца. Инаку на голема сабота верниците одат пред црква и го дочекуваат воскреснувањето на Исус Христос.

Прегледи:
1220
Објавено на:
10.04.2017