Мајките се негувателки, најдобри советнички и најголеми фанови на своите деца.
Ако пронаоѓате некои од следниве знаци кај вашата мајка, тогаш значи дека таа е навистина кул не само во вашите очи туку и за вашите пријатели.
1. Кога запознава нови луѓе, особено млади и перспективни мажи, не престанува да раскажува за својата прекрасна, интелигентна и успешна ќерка.
2. Се сложува со вас кога ќе признаете дека не сакате некоја колешка, сосетка или девојка која оди со вас на јога.
3. Ги познава сите ваши пријатели и е во добри односи со нив.
4. Знае кој музички спот е моментално хит и ја познава новата генерација на холивудски актери на кои девојките “паѓаат“.
5. Знае да користи паметен телефон, а има отворено профил на барем една социјална мрежа.
6. Не можете да ја “прелажете“ кога се во прашање мажи, забави и животот воопшто.
7. Ви дава супер совети.
8. Се радува на вашите успеси повеќе од вас.
9. Никогаш не ве лаже и затоа сакате со неа да ги споделите своите најинтимни чувства.
10. Секогаш ве става на прво место.