Категории

Серијата “Game of Thrones” наскоро ќе добие конкуренција

Серијата “Game of Thrones” направи пресврт кога станува збор за популарните ТВ жанрови, па многумина посакаа и други епски дела од книжевноста да се најдат на малите екрани.

Еден од нив е и “The wheel of time” или скратено “WoT”, баш како што е скратеницата за “Game of Thones” – “GoT”.

Авторот на овие дела, Роберт Џордан, почина пред да успее да ги заврши книгите, но остави белешки со помош на кои неговата вдовица и писателот Брендон Сандерсон успеаја да го завршат овој феноменален серијал.

Приказната во овие книги се врти околу многу интересни, и пред се комплицирани ликови, а во центарот на се е Повторнородениот Змеј, кој треба да го спаси светот од повторно доаѓање на Мрачниот.

Како и кај Мартин, Џордан нема еден главен лик, туку приказната следи повеќе карактери од кои секој има некоја клучна улога во “тркалото на светот кое движи се”.

2

Вдовицата на Џордан, Харијер Мекдугал даде официјално соопштение дека ќе направи серија од овие книги.

“Сакав да ги споделам со вас возбудливите вести за ‘Wheel of time’. Легалните проблеми се решени. ‘Wheel of time’ официјално ќе стане ТВ серија! Не би можела да бидам посреќна. Наскоро ќе се појави и официјалното соопштение од едно големо студио”, напиша таа на Гугл Плус.

Ако не сте ги прочитале овие книги, а сте љубител на епски фантазии, тогаш е време да почнете да ги читате, токму на време пред да излезе серијата. А, оние кои ги имаат прочитано, знаат дека ова ќе биде сериозна конкуренција за “Game of Thrones”, бидејќи веќе постојат “завојувани страни” од фановите на двете книги.

Инаку, серијалот “The wheel of time” има 14 дела.

Прегледи:
393
Категории:
Филмови и серии
Објавено на:
05.05.2016