Кејси и Луис Бајром гордо тврдат дека не се нормален брачен пар, а тоа воопшто не е многу далеку од вистината. Двојката неодамна стапила во брак во Градската сала на Манчестер, а нивната тематска свадба инспирирана од приказната за Хари Потер ги оставила гостите счудоневидени!
Приемот бил одржан во хотелот Мидленд во Манчестер и бил надополнет со сите можни детали: Од постери со затворениците од Азкабан, до чоколадни бомбици во стилот на златното топче „снич“.
За да биде доживувањето уште пореалистично, на нивната свадбена церемонија се читало дел од Редот на Фениксот.
Погледнете ги сите детали од оваа неверојатна свадба во волшебниот дух на приказната за малиот магионичар, по што со сигурност ќе посакате да сте биле дел од овој неповторлив настан!
1 2