Категории

Шанел го претстави своето шоу во Куба

Дизајнерот на модната куќа Шанел – Карл Лагерфилд умее да направи спектакл од шоу а овој пат својот гламур го однесе на пистите во Куба. Под отворено небо тој им пружи на своите гости незаборавно доживување превезувајќи ги во кабриолети низ Хавана, манекенките ги претставија летните парчиња кои се состоеа од беретки и шапки во кубански стил и разиграни шарени дезени..
Додека поголемиот дел од присутните беа воодушевени од овој спектакл имаше дел што упатија остри критики кон модната куќа што презентира висока мода која е недозволива за сиромашниот кубански народ.
Меѓу главните гости на дизајнерот беа и супермодел Жизел Бундхен и Вин Дизел.
Погледнете како изгледаше спектакуларното шоу.

Прегледи:
778
Ознаки:
·
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
08.05.2016