Руска компанија се обидува да заработи од заладените односи меѓу Москва и Вашингтон, со тоа што пушти на пазарот сладолед наречен „Обамка”, што во превод од руски значи „Малиот Обама”.
Сладоледот е со чоколадна глазура, а на неговото пакување се гледа лице на насмеано африканско момче, со обетка на уво кое држи сладолед.
Претставник на момпанијата производител „Славица“ појасни дека новиот производ е дел од серија сладоледи, наменети за деца. На пакувањето ќе има симпатични ликови, додава претставникот на компанијата, дополнувајќи дека имињата на сладоледите треба да се такви што ќе се паметат.
– За луѓето со богата фантазија можеби името на сладолед предизвува различни асоцијации, но производот е за деца и нема никаква врска со политиката, прецизира претставникот на компанијата.