Категории

Детски хороскоп: Карактерот го одредуваат денот и часот на раѓање…

Не е сеедно дали Вашето дете се родило во Петок навечер или Вторник наутро. Дознајте како денот и часот влијаат на личноста на Вашето дете, препознајте одредени карактеристики и послушајте ги нашите совети…

„ Ноќни птици “

Веднаш по полноќ, на свет доаѓаат љубопитни личности, кои се под влијание на Меркур. Ако детето е родено помеѓу 00 и 02 часот, тоа секогаш ќе биде центар на внимание, доста активно и енергично. За тие деца, во иднина се препорачува повеќе да ја користат способноста за „ впивање “ информации, бидејќи во тој случај ќе бидат успешни и на училиште и на работа. Во средината на ноќта, помеѓу 02 и 04 часот, се раѓаат личностите кои знаат да сакаат. Овие личности се под влијание на Венера, која дарува способност за заработување, но и трошење пари и воопшто, постигнување и остварување на поставените цели, што ќе ги направи среќни и задоволни. Нивна карактеристична особина е големата упорност да добијат сé што ќе посакаат и затоа тешко се откажуваат од нивните намери. Марс владее од 04 до 06 часот наутро. Тоа е времето во кое се раѓаат идните лидери и раководители. Малиот/ малата, родени во зори, ќе бидат чесни, независни и тврдоглави. Нив најмногу им одговараат одговорностите на шеф, но ако се стремат само кон тоа, можат да одат „ со глава во ѕид “. Кон овие деца, треба да се воспостави поблаг однос на воспитување и да се учат да веруваат во својата околина.

„ Ранобудници “

Во периодот од 06 до 08 часот, владее Нептун. Овие деца се неверојатно ранливи и најчесто го кријат својот внатрешен свет од луѓето, штитејќи се од реалноста, длабоко задлабочени во својот свет. Уран владее од 08 до 10 часот и тие деца се особено шармантни и привлечни. Со нив ќе сака да биде во контакт, секој кој сака топол збор и помош иако нивна основна карактеристика ќе биде лесното изразување, но и хуманоста и човечноста. Многу е можно, да работат во некоја хуманитарна организација. Касно наутро, од 10 до 12 часот е периодот кога нековиот владетел Сатурн на човекот му дава изразена чесност, принципиелност и дисциплинираност. По правило, овие личности никогаш не одат против своите јасно зацртани цели. Таквата сила би било најдобро да се примени во политиката.

„ Дневен тип “

Јупитер владее со родените помеѓу 12 и 14 часот. Личностите родени во тоа време се во душата ( но и реалноста ), патници и секогаш имаат потреба за нови лица, места и впечатоци. Способни се од корен да го променат својот живот преселени во друга држава или преку радикална промена на занимацијата. Овие деца треба да се учат на дисциплина уште од најрана возраст. Од 14 до 16 часот се раѓаат енергични и јаки луѓе. Плутон им овозможува животните неприлики да ги пребродат неверојатно лесно, што го зајакнува нивниот карактер. Учете го детето да се стреми кон реални и важни животни цели. Во периодот од 16 до 18 часот повторно владее Венера. Меѓутоа, со поинакво влијание. Сега, таа тежнее кон пронаоѓањето на вистинската љубов, така што лицата родени во овој период, рано стапуваат во брак. Лесно комуницираат и способни се да се постават себе на друго место.

„ Кога ќе зајде сонцето “

Кога настапува вечерта, се раѓаат луѓето кои можат да најдат излез и од најсложените ситуации. Родените во периодот од 18 до 20 часот, ги владее Меркур. Овие личности не „ креваат раце “ така лесно, многу се посветени кога станува збор за пријателите, саканите личности и остварувањето на идеите. Научете го детето да не оди „ од крајност во крајност “, како и при решавањето на проблемите да не го гледаат само туѓиот, но и својот интерес. Од 20 часот владее Сонцето. Тоа сјае до 22 часот, така што и на личностите во овој период им овозможува да блескаат. Детето родено навечер, се карактеризира со отвореност и сака да се забавува на разни начини. Сака да настапува пред публика, на сцена а едноличниот живот не е за нив. Родените помеѓу 22 и 24 часот се под влијание на мистериозната Месечина. Овие деца имаат филозофски пристап и можат да постигнат внатрешна стабилност и хармонија. Сепак, не можат да бидат целосно среќни и спокојни, бидејќи Месечината ги прави чувствителни. Овие личности не работат само за да извлечат добивка.

Прегледи:
743
Ознаки:
Објавено на:
09.05.2016