За подготовка ќе ви бидат потребни околу 5 минути, а за околу 6 часа ќе имате вкусни, здрави и привлечни сладоледи на стапчиња.
Сами подгответе шарен сладолед на стапче. За подготовка ќе ви бидат потребни околу 5 минути, а за околу 6 часа ќе имате вкусни, здрави и привлечни сладоледи на стапчиња. Доколку не го дочекаат замрзнувањето, вкусни се и како крем.
Состојки за околу 3 dcl сладолед (6 сладоледи по 0,5 dcl):
· 50 g индиски ореви
· 100 g слатки крушки
· Ванила во прав
· Околу 0,75 dcl вода
· 100 g јагоди
· 7 g агава сируп
· Лажица омекнат кокосов путер
Начин на подготовка:
Индиските ореви, крушките и водата ставете ги во блендер и направете крем. Во калапи за сладолед на стапче ставете дел од смесата (четвртина до половина калап). Во остатокот кој останал во блендерот додајте ги јагодите, агава сирупот и кокосовиот путер омекнат на собна температура. Направете смеса и со неа дополнете ги калапите до крај. Ставете ги во замрзнувач околу 6 часа.