Категории

Жените во овој знак се едни од најљубоморните и најпосесивните личности во хороскопот

Секогаш приземна, принципиелна и практична. Но, ако е уверена дека некој лошо се однесувал спрема неа или дека ја злоупотребил нејзината добрина, таа никогаш нема да му прости бидејќи е навистина големо злопамтило! Можете да претпоставите за кого станува збор? Можеби ќе се изненадите, затоа што таа секогаш изгледа рамнодушно и ладно, но од внатре врие од емоции. Станува збор за жената Бик.

Стоите цврсто на земја и ги сакате работите кои се постојани и опипливи. Сонувањето не е за вас. Вашето чувство за практичност е посилно од желбата за бегство од реалноста. Никогаш не им верувате на слатките ветувања, бесмислените илузии и фантазии.

Вие сте добар и верен пријател, но барате лојалност и од другата страна. Што кога некој ќе ве изневери? Тогаш нема бурно да реагирате затоа што вашите реакции се суптилни и помалку видливи, но затоа пак имаат бескрајна длабочина.

Не сакате промени и пресврти, ниту работи кои би можеле да го променат постојаниот тек на вашиот живот, или што е уште полошо, да ја доведат до опасност вашата удобност. Толку тврдоглаво се држите до вашите принципи, што тоа се граничи со имање предрасуди. Многу ретко ги слушате туѓите совети и предупредувања. Тврдоглаво продолжувате по свое дури и тогаш кога сè оди во прилог на спротивставените теории. Тоа вам не ви е важно!

Вашата склоност кон удобноста понекогаш прераснува во пасивност и мрзливост. Не сакате премногу компликации, како ни брзање без потреба и безумие. Тоа не е вашиот стил.

Љубовта игра голема улога во вашиот живот. За вас таа не е синоним за страст, бура од емоции или романса, тука за нежност и уживање. Со оглед на тоа што сте љубител на постојаните форми и на сè она што се однесува на материјалната реалност, кај мажот пред сè ве привлекува неговиот физички изглед. Тоа што се крие под неговата надворешност ќе го откриете подоцна.

Кога ќе запознаете некоја личност која ви се допаѓа, тргнувате во освојување иако и вие сакате да бидете освојувани. Набљудувањето и проценувањето кај вас долго траат, некогаш дури и предолго. Тоа не е никакво изненадување, бидејќи одлуките ги донесувате по долго и зрело размислување, а истото важи и за оние кои се поврзани со љубовта.

Иако изгледате како ладна личност, во суштина, вие сте многу сензибилни. Не се врзувате лесно. Љубовта во вашето срце бавно созрева и зависи од нежноста и топлината што ја чувствувате од страна на партнерот.

Не сакате да ги покажувате вашите емоции во јавност, но знаете да бидете многу љубоморни, па дури и посесивни. Не го поднесувате присуството на други жени, макар била таа и колешка на вашиот партнер. Во оваа борба сте многу вешти: Плетете мрежа околу вашиот сакан и ги истиснувате сите други жени од неговиот живот.

А ако тој ве изневери? Ќе вратите со иста мера и тоа уште пожестоко, како што само вие знаете и умеете!

Прегледи:
508
Објавено на:
13.05.2016