Категории

АКО НЕКОЈ САКА ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ТВОЈОТ ЖИВОТ, БИДИ ТИ ТОЈ ШТО ЌЕ МУ ЈА ОТВОРИШ

Денес те видов. Јас бев во автобус, а ти стоеше далеку. Си размислував за тебе, а ти од нигде никаде, ми се појави.

Како можам да не те забележам? Не можам.

Многу се каам што уште се занимавам со тебе иако не сакам, иако сега има друг на твое место. Се надевам дека овој нема да ме повреди.

Или барем нема да ме заболи како што ме болеше ти!

Она твоето печеше како сол на рана и не престануваше. И уште ме пече. Само со тек на време човек се навикнува на болката.

Едно време си се обвинував самата себеси. Мислев дека јас сум крива. Ама не сум била. Јас не кажав прва те сакам. Јас не бев таа што ветував, ти беше.

Како и да е било, па поминало.

Воопшто не си се сменил знаеш? Уште си ист, онака совршен, барем за мене. И не знам дали воопшто некогаш помислуваш на мене, не знам, но не е ниту важно.

Она важното е тоа што јас не можам да те заборавам. Не знам што ми направи ама ете тоа е.

И секогаш кога помислувам на тебе, мислам на твоите очи во кој што јас го гледав цел мој свет.

Светот не бил тој што јас сум го видела во твоите плави очи. Многу е поразличен, темен.

После еден месец, ти пак се врати. Направи да те засакам дури и повеќе од порано. Се покаја, јас прифатив. Ти дадов втора шанса.

Ме сакаше се додека спортот не ти стана премногу важен. Јас за да не бидам повторно повредена, те пуштив да си одиш после толку обиди да те сочувам.

Знам зошто го направи тоа и разбирам како и секогаш што разбирав.

Сакам само да знаеш дека цело време си ми во мислите, дека те бодрам да бидеш најдобар во она што го правиш.

Гледам тренираш напорно. Многу сакам да успееш.

Кога ќе имам син ќе му ги пуштам твоите натпревари да те гледа, да му станеш идол. Ќе има плави очи. Ќе ме потсетува на тебе, на мојата прва љубов.

М.

Драги наши Среќни пријатели. Ако имате некој интересен текст, и доколку сакате да го објавиме на Среќа МК, тогаш испратете ни го на меил [email protected]

Прегледи:
1224
Објавено на:
14.05.2016