Во наредните неколку дена ќе владее голема еуфорија во Барселона по повод новата титула која ја освоија избраниците на Луис Енрике, но како по традиција, играчите големото славје го започнаа уште на теренот на „Лос Карменес“, а истото продолжи и во соблекувалната каде беше вистинска лудница.
Турчинот Арда Туран беше посебно расположен по освојувањето на втората титула во Примера (првата ја освои со Атлетико), па понесен од атмосферата го јавна Жерард Пике уште во подтрибинскиот простор кој пак го предводеше маршот со извиците „шампиони, шампиони“.
Лудото славје продолжи и во гостинската соблекувална на „Лос Карменес“, а официјалниот Твитер профил на Каталонците се обиде да ги долови еуфоричните моменти објавувајќи кракто видео од атмосферата.
https://www.youtube.com/watch?v=hHI8DFXevSI