Категории

Дознајте кој хороскопски знак има најмногу среќа во животот

Знак на среќата, веселбата и егзотиката. Секогаш подготвен за нова авантура со блескава насмевка на лицето. Нему му се отворени сите врати и ни една препрека на патот не може да го сопре. Се разбира дека станува збор за Стрелец. Планетата која владее со овој знак е Јупитер – планетата на моќта, успехот и среќата.

Стрелецот е голем љубител на добрата храна, пијалак и музика. Тој е вечен борец против неправдите, а пријателството претставува важен сегмент од неговиот живот. Неговиот млад дух е надополнет од убавиот надворешен изглед и спортската физичка градба. Стрелецот има отмена природа која прилега на аристократ и оттаму произлегува неговиот интерес за поблагородни спортови како што е тенисот. Иако негува почит спрема традиционалните вредности, тој понекогаш знае да биде и бунтовник и не се води слепо по општоприфатените морални начела. Благодарение на неговиот натпреварувачки дух секогаш освојува бројни награди, медали и признанија.

Соработката со други луѓе не му е баш најјака страна бидејќи знае да биде строг и комплициран. Понекогаш знае и да казнува ако неговите барања не се исполнети во целост. За овој хедонист по природа нема поголема казна од недостатокот на време и пари. Животните цели и желби на овој знак се навистина големи, но остварливи.

Меѓу претставниците на овој знак се музичките легенди како Френк Синатра и Тина Тарнер чиј постигнат успех сè уште трае и остава траги. Стрелецот силно верува во себе и своите способности, а добро познато е дека на тој што има силна верба сите врати му се отворени.

Прегледи:
341
Објавено на:
14.05.2016