Категории

Лав динамичен,Рак безопасен: Со каков темперамент е вашиот знак?

Хороскопските знаци се делат во 4 групи по елементи, во секој се наоѓа по три знака. Елементите ни кажуваат за темпераментот на личноста, на кој начин ја искажуваат некоја реакција и каква и е основната психолошка подлога. Низ елементите ќе видиме да ли личноста е нагла и енергична, или можеби пасивна и повеќе водена од интереси, да ли е во прв план интелектуалниот аспект и логика или се емоциите и интуициите по изразени.

Овен, Лав, Стрелец

Огнот е моќен, привлечен и опасен; чиста енергија која може да ни биде светло на патот, топло огниште но и катастрофален пожар. Со огнот секогаш мораме да бидеме претпазливи, бидејќи лесно можеме да се изгориме. Луѓето –оган сеат енергија и топлина, полетни се, отворени и секогаш спремни за акција- огнот никогаш не мирува. Спремни за иницијатива, сакаат да бидат на истакнати позиции и многу се одлучни. Секогаш храбро одат кон својата цел, амбициите им се изразени и имаат голема храброст за конкретни потези. Нивната енергичност постојано ги тера за докажување, развој и разни истражувања. Кога нешто им е важно, во тоа сакаат да се први. Активноста е нивното главно обележје, а ако некој се обиде да ги спречи или не ги остварат своите цели, знаат многу бурно и незгодно да реагираат. Прилично се самосвесни но и нестрпливи, а кога ќе се налутат ја губат контролата дури можат да бидат и агресивни. Нивните реакции се нагонски и она што во одреден момент го почувствуваат, тоа и ќе го изразат.

Овен е пламен кој просветлува, прочистува и ги отвора видиците.

Лав е разгорен огин кој има моќ и гордо ја покажува својата раскош.

Стрелец е жар кој полека подгрева, повикува на предизвици бидејќи жарта повторно лесно се разгорува.

Бик, Девица, Јарец

Земјата не храни со своите плодови и ни дава многу природни убавини. Луѓето земја се постојани, рационални, материјални, имаат смирени реакции, полни со трпение, традиционални ставови и не сакаат промени. Имаат одредени навики по кои живеат, избегнувајќи било какви предизвици. Делуваат ладно и недостапно, а впрочем имаат прикриени чувства кои многу тешко ги покажуваат. Дури и нивната пасивност е привидна, тие имаат многу јасно одредени цели, кои ги остваруваат не истакнувајки ги амбициите, туку со упорности работа полека доаѓаат до тоа што го сакаат.

Познати се по тоа што никогаш не се откажуваат, дури и кога нешто делува неостварливо, подготвени се долго да чекаат на своите пет минути. Понекогаш се претерано тврдоглави и тврдокорни, а тоа уште повеќе го успорува нивниот ритам на животот.Со тоа се спречуваат и себеси и другите, а нивните ограничувања во некои доживувања знае да направи многу тешки карактери. Во краен случај знаат да бидат бесчувствителни, безмилосни и напорни.

Бик ја симболизира разбудената природа, земјата која создава, пупките и раните плодови.

Девица владее со периодот кога земјата го дава својот максимум и кога се берат плодовите.

Јарец е ладна, мирна, гола земја, која дури во своите длабочини покажува знакови на живот

1 2

Прегледи:
849
Објавено на:
18.05.2016