Ако ги земеме настаните кои се случуваат во најновите епизоди на серијата “Game of Thrones”, јасно е дека сценаристите нѐ подготвуваат за големи битки и несомнено многу крв.
Мобилизацијата е “прогласена” во коалицијата Ланистер-Тајрел, семејствата кои планираат да се пресметаат со верската секта која завладеа во кралството (King’s Landing).
Во игра се врати и Литлфингер, кој на чело на куќата Ерин (не се знае колку точно војска има), ќе тргне против свирепиот, самопрогласен владетел на Северот, Ремзи Болтон, кој пак склопува сојузи со другите семејства од Северот.
А младиот Болтон го прави сето тоа за да ја врати Санса Старк, која конечно најде засолниште кај својот полубрат Џон Сноу. Санса го убедува Џон да се борат со Болтон за да го вратат својот дом – Винтерфел. А, сето тоа со помош на Дивјаците, на кои Џон им дозволи да го поминат ѕидот, како и со семејствата кои се уште останаа верни на Старк.
Тоа, секако, не е се, бидејќи Денерис Таргеријан, која владее со војска и змееви, сега пробува да ја врати силата и конечно да дојде на Западот за да завладее со целото кралство Вестерос.
Не треба да се заборават ни силите на Дорн, кои би можело од југ да тргнат во пресметка со Ланистер.
Сеопшта опасност се и Белите талкачи кои се закануваат дека преку Ѕидот ќе го нападнат Вестерос.