Категории

Дикаприо ја израдува мајка си со чанта од 18.000 долари

Добро е познато дека Леонардо Дикаприо е голем љубител на жените, но една ја сака повеќе од сите други.

leonardo-dikaprio-irmelin

Својата најдрага жена, мајката Ирмелин, актерот неодамна решил да ја почести со луксузна чанта од брендот „Шанел“  во вредност од 18.000 долари, која ја купил за време на добротворна вечера во Кан.

Како што беше објавено на фотографијата на Инстаграм профилот „Дарежливи луѓе“ (#Generouspeople), ова е втора година по ред Леонардо да купува лимитирано издание издание на „Шанел“ чанти.

Минатата година актерот со трендсетерката Парис Хилтон се бореше за чанта, но неговата понуда од 11.300 долари беше победничка и за својата мајка Ирмелин ја освоил чантата.

А оваа година холивудскиот заводник  ѝ купил и свилен шал од 5.000 долари.

Прегледи:
444
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
20.05.2016