Категории

Рокерот со најдолг јазик: Сум спиел со 5.000 жени!

Џин Симонс, член на легендарната рок-група „Кис“ во неодамнешното интервју за магазинот „Сан“ изнесе интересни факти.

dzin-simons-gettyimages-510333610-660x992

Тој тврди дека спиел со 5.000 жени и дека пред свадбата, неговата сопруга Шенон Твид, му поставила чуден ултиматум.

Верувале или не, двојката се забавувала 28 години пред конечно да стапи во брак, а нејзиниот услов бил само да ги запали фотографиите од поранешните девојки!

– Во младоста не ме интересираше дрогата, но бев луд по сексот. Дали навистина сум спиел со сите тие жени: Па така ми рекоа. Иако, имав и фотогрфии кои сето тоа би го докажале. Но, морав да ги запалам. А Шенон и јас од тоа направивме мал ритуал, објасни музичарот во неодамнешното интервју.

Прегледи:
363
Објавено на:
22.05.2016