Само затоа што хороскопскиот знак Близнаци е претставен како две личности, не значи дека се вистините приказните дека станува збор за дволична личност.
Еве како секој Близнак сам себе се доживува:
1. Постојано морам да го објаснувам фактот дека сарказмот е знак дека некој ми се допаѓа.
2. Па зарем навистина некој мисли дека ќе му покажам колку ми се допаѓа. Секако дека не, имам свои начини да го покажам тоа.
3. Толку сум дружељубива што дури и не забележувам дека опасно флертувам со личноста која е на соседната маса.
4. Обожавам да разговарам, да се смеам, дружам…има ли нешто лошо во тоа? Не ми се допаѓаш на тој начин, само ни тргна муабетот. И не е точно дека флертував со тебе.
5. Како да му соопштам на некого дека ми се потребни неколку дена да бидам сама?!
6. Ако пријателите или момчето не ме остават неколку дена да бидам сама со себе, како тогаш некогаш во животот ќе ми недостасуваат?!
7. Јас сум емоционален ролекостер цели 365 дена во годината.
8. Да се биде Близнак во хороскоп е како да си во ПМС секоја секунда. Тоа е лудо возење и потребно ми е многу чоколадо за да преживеам.
9. Иако можеби на прв поглед делувам ладно, всушност сум полна со сочувство.
10. Јас сум Монт Еверест. Тешко е да се дојде до мене, но кога ќе пристигнеш на дестинацијата ќе сфатиш колку е прекрасно и дека вредел целиот труд.