Категории

Кои се машките слаби точки?

Мажите се таинствени и позатворени личности и не зборуваат многу за себе и за своите проблеми, па затоа малку ни е потешко да ги разбереме.

Дали поради своето машко его или поради стравот да бидат погрешно сфатени тие ги кријат своите слабости. Но, не мислете дека сте единствена на светот која не го разбира својот партнер, бидејќи ова е проблем на речиси секоја жена.

Се плашат од неуспех

Секој маж размислува и стравува дека нема да успее да ги исполни сексуалните очекувања на својата партнерка. Поради тоа, тие се повлекуваат во себе и пропуштаат нежности. Овие проблеми не се појавуваат само на почеток на врската, туку и подоцна. Доколку зебележите вакво однесување кај својот партнер, спонтано наведете го на нежни допири и опуштете го шепотејќи му нежни зборови, бидејќи тоа ќе го ослободи од притисокот.

Сакаат пофалби

Секој маж сака во сексот да биде заводник, издржлив, вистински љубовник и да може да ви пружи се што ќе посакате од него. Кога ќе успее да ги задоволи вашите очекувања се чувствува како да постигнал многу и очекува пофалба за тоа. Ако за време на самиот чин го пофалите, тој ќе биде на седмо небо и ќе добиете се што ќе посакате.

Не го одбивајте

Доколку постојат оправдани причини поради кои не можете да бидете интимни, објаснете му го тоа на нежен начин. Истражувањата покажуваат дека мажите се поприврзани во врската доколку постојано им се дава до знаење дека се посакувани. Најдете начин, кажете му дека и понатаму ви се допаѓа и дека и понатаму уживате во неговите прегратки. Секој маж сонува вие да го направите првиот чекор, па затоа не плашете се да тргнете први во акција.

Прегледи:
535
Објавено на:
25.05.2016