Бојата која го носи официјалното име – Pantone 448C или “opaque couché”, е прогласена за најгрда боја во светот.
Тоа е мешавина од маслинесто зелена и каки боја, има кафено-зелена нијанса, а оние кои не ја сакаат велат дека личи на валкано, на талог, на смрт.
Инаку, оваа боја без оглед на тоа што е најгрда, има многу хумана цел.
Австралиската влада ангажираше истражувачка агенција со цел да се направи кампања против пушење. Задачата на агенцијата била да го испита јавното мислење и да ја пронајде најгрдата боја во светот, бидејќи токму таа боја ќе ја користат потоа за правење на најгрдите кутии цигари во светот.
Имено, целта е да им се наметне на сите производители на цигари да користат иста амбалажа за своите производи.
Покрај оваа боја, во конкуренција за најгрда боја беа и лимета, темно сива, боја на сенф, темно кафена, но и беж и бела.