15 секојдневни навики кои повеќето од нас ги извршуваат, а веројатно не се ни свесни дека со секоја од нив согоруваат дури 100 калории.
Денес ви ги претставуваме кои се тие, па ако некоја од нив ја прескокнувате престанете да го правите тоа, сепак станува збор за добрата линија ? .
1. Фенирање на коса 35 минути.
Фенирањето не е лесно, но барем знаете дека освен убава фризура добивате и подобра линија.
2. Преместување на мебелот
Додека ја влечете фотелјата од еден крај на собата до друг за да видите како би изгледала, за на крај да сфатите дека подобро стоела на првичното место сте изгубиле 100 калории.
3. Миење на садови 40 минути
Кога имате многу гости јасно е дека најлесно е сите садови да ги ставите во машина, но сепак размислите што е подобро за вас.
4. Разговарате на телефон и шетате напред назад 35 минути
Разговорот со вашата најдобра пријателка додека шетате низ собата од 35 минути и не е премногу долг, особено ако имате бесплатни минути.
5. Држите бебе во раце 25 минути
Ако се уште немате свое, верувајте дека вашата пријателка, сестра или блиска роднина ќе ви биде благодарна, а вам ви е јасно дека тоа оди во ваша корист.
6. Танцувате 20 минути
Пуштете музика и не чекајте да дојде викендот за да се опуштите!
7. Шетање 20 минути
Навистина не е некоја долга прошетка за да се вадите дека ве мрзи.
8. Чистење низ домот 20 минути.
Зарем бришењето на правта одеднаш не ви доби смисла ? .
9. Садете цвеќе или косете ја тревата 25 минути.
Ем помалку калории, ем резултатот во градината е неверојатен.
10. Поминете го домот со правосмукалка 30 минути.
Признајте дека повеќе не ве мрзи да го правите тоа.
11. Пеглање 40 минути.
А тек ова ? .
12. Бањање на миленикот 25 минути.
Јасно ни е дека ќе се намокрите но 100 калории се 100 калории.
13. Шетање на кучето 25 минути.
И вашето тело и кучето ќе ви бидат благодарни, а плус никогаш не знаете кого ќе сретнете.
14. Готвење 40 минути.
Уште пак ако месите, успехот е загарантиран и нема да имате грижа на совест додека го дегустирате.
15. Шопинг 60 минути.
Веруваме дека 60 минути ви се малку особено ако имате картичка без лимит.