Категории

КОЛКУ ЈАГОДИ И ЦРЕШИ НАВИСТИНА СМЕЕМЕ ДА ИЗЕДЕМЕ?

Секогаш ги јадеме кога сакаме да нè освежат и засладат, но веројатно не сме ниту свесни за тоа дека јагодите и црешите треба да се јадат само во одреден дел од денот, и тоа во ограничени количества – само онолку колку што може да собере во нашите дланки.

Според количеството на витамин Ц, јагодите може да му конкурираат на лимонот, бидејќи во 100 грама плодови има дури 60 милиграми од овој витамин. Позитивно влијаат на имунитетот бидејќи содржат биоактивни супстанци, полифеноли, коишто важат за силни антиоксиданси. Особено им се препорачуваат на децата и возрасните коишто патат од анемија. Богати се и со фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини од групата Б, како и минерали како што се манганот, железото, калциумот и магнезиумот.

Но, и покрај сите вредности, сепак треба да бидете внимателни. Не може да ги јадат сите, кога ќе посакаат или во било кое време кога ќе посакаат. Иако се вкусни и претставуваат вистински спас во жешките денови, сепак постојат некои правила коишто би требало да ги почитувате. Пред сè не смеат да им се даваат на деца помали од година дена и нивното воведување треба да биде постепено со цел да се избегнат алергиски реакции коишто најчесто се манифестираат со осип, потешкотии при дишењето и проблеми со системот за дигестија.

И тоа не е сè. Не им се препорачуваат и на личностите коишто имаат проблем со вишок телесна тежина или зголемени вредности на холестерол и триглицериди во крвта. Дури откако ќе увидите дека немате вакви здравствени проблеми, може да ги воведете црвените бобинки во својата исхрана. Но во умерени количества.

Нутриционистите препорачуваат дека е доволно да се консумираат два до три пати неделно и тоа помеѓу 17 и 19 часот, според летното сметање на времето. Обврзно без додавање на шеќер, и тоа само онолку јагоди колку што може количински да собереме во дланките. Сепак, не треба да заборавиме дека и овошјето е слатка не само поради тоа што содржи овошен шеќер фруктоза, туку и различни видови на други шеќери, дури и повеќе од чоколадото.

Овошје кое хемиски најмногу се третира

Јагодите се исклучително подложи на расипување, па токму затоа треба да ги купувате во мали количества и да не ги чувате на собна температура подолго од ден-два. При перењето треба да водите сметка да не се оштети плодот. А како овошје коешто спаѓа во оние коишто во процесот на одгледување најмногу хемиски се третираат, треба да им се даде предност на оние со биолошко потекло.

Најздрави се темните цреши

Истите правила важат и за црешите. Покрај тоа што содржат изобилство од витамин Ц и бета-каротен, витамин К и Б6, фолна киселина и минерали како калиумот, железото, бакарот, манганот, калциумот, магнезиумот, кобалтот, фосфорот и цинкот, и со нив не треба да се претерува.

Слатките плодови од ова овошје се богати со растителни влакна коишто се неопходни за правилно варење, а присуството на целулоза го регулира варењето. Флавоноидите во нив ги блокираат воспалителните процеси, ги ублажуваат болките и симптомите на алергија и астма. Зрелите плодови со темна боја поседуваат поголемо количество на антоцијан и имаат поголемо антианемично делување.

Црешите ќе ви помогнат да се опуштите и полесно да заспиете бидејќи содржат метатонин. Но треба да знаете и уше нешто за ова овошје!

Коските од црешите содржат амигдалин-цијанид, состојка којашто има отровно делување, па не треба да им дозволите на децата да ги голтаат, опоменуваат нутриционистите. Исто така, непосредно пред употреба црешите треба добро да ги испереде под млад ладна вода.

Прегледи:
610
Објавено на:
29.05.2016