Доколку поседувате е-мејл адреса на Yahoo во формат од типот на [email protected] и некој ја испушти точката во адресата при праќање на порака, вие нема да ја добиете.
Грешки се случуваат постојано поради кои е-пораките не стигнуваат или стигнуваат до погрешни луѓе. Баш заради тоа Google одлучи да ги постави работите на малку поинаков начин, и тоа уште кога го започна својот e-mail сервис Gmail. Имено Google ги игнорира точките во адресите на луѓето.
За Gmail нема никакво значење дали во твојата и-мејл адреса има точка или не (или голема буква). Така,[email protected] можете да ја впишете на било кој од следниве начини, и пораката пак ќе стигне на вистинската адреса: [email protected], [email protected], [email protected]
Дури и ако напишете [email protected], пораката пак ќе стигне на [email protected].
Иако ова не е ништо ново и постои од самиот почеток на Gmail, сепак, шокантен е бројот на луѓе кои сé уште не знаат за ова правило. На пример, тие го истакнуваат присуството на точката во својата адреса секогаш кога некому го даваат својот и-мејл. Нема потреба.
Каде на друго место точките не се од значење?
• Точките се важни во: Microsoft Outlook, Yahoo Mail, Apple iCloud.
• Точките не се важни во: Gmail, Facebook.
• Точките се строго забранети во: Twitter.