Категории

Дете уништи ЛЕГО скулптура вредна 15.000 долари во неколку секунди

Изложбите знаат да бидат навистина интересни, особено кога се интерактивни како оваа. Но, едно дете успеа да го злоупотреби овој концепт, случајно уништувајќи ЛЕГО скулптура вредна 15.000 долари.

Статуата претставуваше огромна фигура од Ник Вајлд, лик од цртаниот филм “Зоотопија”. Уметникот, наречен Жао, поминал три долги дни правејќи ја фигурата од овој Дизни карактер од илјадници ЛЕГО коцки.

Но, на детето му беа потребни само неколку секунди да ја уништи, кога случајно ја турна. Инцидентот се случил само еден час откако изложбата била отворена во кинескиот трговски центар.

Имено, момчето ги поминало сигурносните јажиња со желба да се доближи поблиску до статуата, но очигледно успеало да дојде премногу блиску…

kid-destroys-lego-sculpture-zootopia-zhao-9

Неговите родители му понудиле на Жао да платат за штетата, но уметникот ги одбил велејќи дека инцидентот бил само еден несреќен случај.

kid-destroys-lego-sculpture-zootopia-zhao-11

Прегледи:
339
Објавено на:
03.06.2016