Категории

5 совети кои ќе ти помогнат полесно да станеш од кревет

Знаеме дека станувањето наутро им паѓа особено тешко на голем број луѓе, особено ако е понеделник, но овие трикови би можеле да ви помогнат полесно да станете од кревет.

1. Вода на ноќната масичка

Чаша вода, како прва работа кога ќе станете наутро, може да ви помогне да го започнете својот ден на “десна нога”.

2. Наместете го алармот стратешки

Ако го наместите алармот на дофат на рацете, лесно можете да го изгасите и да продолжите со спиење. Но, ако го ставите на другиот крај од собата, тогаш ќе мора да станете, со што има поголема веројатност дека ќе се расоните.

3. Набавете аларм кој свети

Тој ќе делува како “мини сонце”, па ќе ви биде полесно да станете од кревет. Имено, веќе знаете како сончевата светлина го алармира телото дека е време за будење. Па така, овие аларми ќе светат сѐ посилно како што се приближува времето за будење.

4. Немојте да консумирате кофеин или алкохол претходната вечер

На алкохолот и кофеинот им е потребно некое време да излезат од вашиот организам. За подобар сон, воздржете се од пиење на овие течности претходната вечер.

5. Соодветни мириси

Покрај чашата вода, на вашата ноќна масичка можете да чувате и етерични масла со мирис на портокал, грејпфрут или нане, кои полесно ќе те разбудат.

Прегледи:
432
Објавено на:
06.06.2016