Категории

Нешта кои ќе ги почувствувате кога ќе се роди вистинската љубов

 Да се најде некој кој ќе го сакаме не е лесна задача, но повеќето луѓе успеваат во оваа мисија. Сепак не знаат сите како да ја одржат љубовта и да не и дозволат да се изгасне со текот на годините.

Еве што чувствуваат луѓето кои се во здрава и среќна врска:

1. Романтична љубов…го знаете ова чувство. Се запознавате со некого, кликнувате и се вљубувате. Кога сте вљубени светот се превртува наопаку.

Ако љубовта ви е возвратена се чувствувате како да сте го освоиле светот.

2. “Ние против сите останати“…повеќе не сте сами. Дел сте од нешто. Ја чувствувате моќта и радоста на тоа да се биде со некој. И понатаму сте дел од светот, но тој ви делува како позадина. Вие двајца сте во центарот, а светот е тука да ве подржи и прифати.

3. Откривање на слабите страни…кога ќе го тргнете погледот од вашиот партнер ќе мора да погледнете во себе. Ќе почувствувате болка која сите ја чувствуваме растејќи во семејства кои не ги препознале и исполниле во целост нашите потреби. Се надевавте дека вашиот партнер ќе ве направи комплетна.

4. Учење на вистинска и зависна љубов…кога барате од партнерот да ги исполни оние делови кои ви недостасуваат ќе ја искусите зависната љубов: “морам да го имам или ќе умрам“.

Математиката е едноставна: колку подолго сте заедно, се чувствувате се помали. Од друга страна, кога партнерот ви помага да растете, само тогаш сте на патот на вистинската љубов.

5. Љубовта е пуштање на стравот…сите наши несреќи се темелат на страв. Се плашите да не го изгубите она што го имате или дека нема да го добиете она што ви треба. Секогаш имате два избора или ќе го храните стравот или ќе ја храните љубовта?

Она што ќе го храните ќе биде посилно.

Прегледи:
322
Ознаки:
· ·
Објавено на:
06.06.2016